Стил на денот: Каролина Гочева во црни панталони кои ќе ја одбележат сезоната

Добивај вести на Viber

Повеќе од две децении е на музичката сцена и отсекогаш била дама која привлекува внимание со својот избор на облека. 

Па, така и овој пат нашата поп икона Каролина Гочева за нејзиното гостување во емисија во Сараево, Босна и Херцеговина одбрала модел на панталони кои ќе бидат тренд број еден есенва.

Црните панталони пејачката ги искомбинирала со црн едноставен топ, а целиот изглед го заокружила со впечатливи сандали во зелена боја и нежен накит.


Одлична комбинација која вреди да се ископира.


Фото: Инстаграм 

Фото насловна: Вангел Тануровски