Стил // Стил на денот
Стил на денот: Каролина Гочева во капутот кој ќе ве освои од прва
Каролина Гочева и сезонава го има капутот кој сите ќе сакаме да го носиме.
Пејачката го покажа овој капут на сцената на концертот „Со љубов за Тоше“ кој се одржа на платото на Гумење во родниот град на Проески, Крушево, пред три дена.
Целосно црната комбинација, Каролина ја подигна на повисоко ниво, со беж боја долгиот капут. Посебен момент се широките ракави, а истиот е многу елегантен и дефинитивно ќе може да се комбинира за секакви пригоди.