Стил на денот: Моќна двојка - Катарина Ивановска и Перо Антиќ модно усогласени на изложба во МСУ Скопје

Добивај вести на Viber

Фото: Maja Janevska-Ilieva / Фејсбук - Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje 

Катарина Ивановска и Перо Антиќ присуствуваа на изложба во Музеј на современата уметност во Скопје и изгледаа како вистински моќна двојка.

Манекенката носеше црн фустан кој ја следи линијата на телото и паѓа слободно од колковите надолу, во комбинација со нежни црни сандали. Додека Антиќ одбра класични панталони во сива боја и црна ролка која со годините станува сè поактуелно модно парче кај мажите.

Фото: Maja Janevska-Ilieva / Фејсбук - Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje 

Фото: Maja Janevska-Ilieva / Фејсбук - Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje 

Инаку тие ја посетија изложбата  „Се што ни е заедничко“ која пред два дена беше отворена во Музеј на современата уметност, каде уметничкиот колектив „Рома Џем Сешн“ промовираа публикација „Морфирање на ромското етикетирање“, објавена од oncurating.org и имаа партиципативен перформанс „Detox Switzerland Detox Europe – Meditation on the History of the Roma in Switzerland“.

Низ групна медитација публиката имаше можност да доживее холистички пристап кон современата историографија и наратив на Ромите во Швајцарија, преку обука за ментална и физичка агилност и стабилност на рамнотежа.