Стил на денот: Кејт Мидлтон во ретро кошула во духот на лудите 70-ти и црни панталони

Добивај вести на Viber

фото:Profimedia

Пристигнувајќи во еден од најголемите музеи на применета уметност и дизајн во светот, Кејт Мидлтон го привлече вниманието во досега невидена кошула украсена со препознатлив дезен. Во духот на лудите 70-ти и по цена од околу 120 евра, новата кошула во колекцијата на Кејт е дело на познатиот американски дизајнер Ралф Лорен.

За да ја истакне, таа се погрижи да одбере елегантни, црни панталони, додека својата брановидна фризура ја собра во коњско опавче ја збогати со помали обетки во златна боја.

извор:stil