Стил на денот: Кетрин Зета-Џонс во заносна црвена тоалета

Добивај вести на Viber

Можеме да научиме многу за стилот од оваа жена

Заносната Кетрин Зета-Џонс (51) знае како да привлече внимание на црвениот тепих.

Нејзиниот гламурозен стајлинг оваа година беше многу забележлив на доделувањето на наградите Еми. Убавата актерка носеше заводлива креација на дизајнерката Кристина Отавиано со смел шлиц, кој ја истакна нејзината фит фигура и женствена силуета. 

Стајлингот го комбинираше со секси сандали Лобутин и дијамантски ѓердан и обетки. 

Огнената боја и дискретниот сексапил се секогаш добитна комбинација!


Фото: Profimedia