Стил // Стил на денот
Стил на денот: Киара Ферањи во лежерно издание
Понекогаш се' што ни треба е да се чувствуваме удобно во тоа што го носиме, особено ако одиме на прошетка, завршување на неофицијални обврски, набавка на намирници, и слично.
Во овој случај, тренерките се нашиот избор на денот.
Периодов, најмодерни се еднобојните, „оверсајз“ тренерки, кои во комбинација со добри патики прават да изгледате „кул“.
Познатата Италијанка, Киара Ферањи направила одличен избор на удобни тренерки во модерна пролетна боја.
Италијанката Киара Ферањи со нејзиниот сопруг добро познатиот рапер Федез, волонтираат, доставувајќи намирници за фамилиите на кои им е најпотребно.
И таа и нејзиниот сопруг ги почитуваат мерките за превенција од ширење на коронавирусот, па ставиле маски и ракавици за заштита.