Стил на денот: Кој рече дека не може цела облека да е карирана, сосе чизми? Џеј Ло знае како!
Посветеноста на Џенифер Лопез да му служи на изгледот е нешто својствено за модна икона. Планетарно популарната пејчка е токму тоа, дури и доби награда за тоа.
Со нејзиниот најновиот изглед таа се приклучи во ,„клубот за карирани девојки“. (Нејзините зборови, не наши). Носејќи тартан од Роберто Кавали и додатоци од Фаусто Пуглиси, изгледа моќно од глава до пети, дури и целосно во карирано издание.
Овонеделниот изглед докажува дека таа го држи пулсот на модната индустријата купувајќи од предесенските колекции на брендови различни од оние во нејзината вообичаена агенда. „На крајот на денот, најдобриот [изглед] секогаш победува“, претходно изјавија Роб Зангарди и Мариел Хаен за Vogue на тема- естетиката на ѕвездата.
„Да, изгледа како да е завиткана во хартија за подарок, ама скапа и отмена... И со вкус“. рекоа тие.
Фото: ИнстаграмИзвор: Vogue