Стил на денот: Корсет- најтренди парче сезонава, совршено ја истакнува фигурата и ги крие недостатоците

Добивај вести на Viber

Корсетите се повторно модерни и се на врвот на популарноста. Совршено ја истакнуваат фигурата и најдобро се комбинираат

Корсетите некогаш важеа за поинтимни модни парчиња, но денес станаа најпосакуваното парче облека. Тие се вратија во мода, а речиси и да нема жена која ги нема во својот плакар.

View this post on Instagram

A post shared by (@maurahiggins)


Една од основните улоги на корсетот е да го нагласи струкот, поради што дамите го обожаваат. Познатите дами го носат ова парче облека интензивно комбинирајќи го на различни начини. 

Нина Сеничар неодамна воодушеви со корсет кој едноставно оди со сè, додека Лидија Вукиќевиќ покажа корсет фустан кој на вистински начин ја истакна нејзината фигура.

View this post on Instagram

A post shared by (@imfashionbabe)


Модната историја на корсетот во западниот свет датира од 16 век, кога жените го носеле исклучиво под облеката за да служи за затегнување. Сепак, обликот на корсетот еволуираше со различни модели, од пократки до подолги.


Денеска се носат како топ, во најразлични комбинации, додека најдобро одговара со поширок модел на панталони, бидејќи едноставноста на спротивностите на нивните форми одлично се спојуваат. Интересно е што се носи и над кошула, правејќи ја комбинацијата необична и оригинална.

View this post on Instagram

A post shared by Sara Jo (@sarajoofficial)


Модели има многу, а можноста за избор е широка, од оние со мотиви од тантела, до кожени, па дури и спортски.

Извор: stil.kurir.rs