Стил на денот: Кошула, фармерки и џемпер во пастелни бои - изгледот на Јелена Спенџарска кој сакаме да го копираме

Добивај вести на Viber

Познатата водителка Јелена Спенџарска е поборник на кежуал изданијата, но кога треба знае да ја покаже и својата елегантна страна и да ги остави сите без зборови.

За оваа недела има еден одличен предлог, секако доколку сте во план да излезете од дома. Со едноставни парчиња издоминирајте онаму каде што планирате да се појавите, секако црпејќи инспирација од оваа модна комбинација на Јелена.

Имено, фармерките и небесно сината кошула во комбинација со џемперот во неколку пастелни бои се одличен избор за овој викенд. Оваа комбинација одлично оди на патики или пак чизми - тоа го оставаме на вас. Исто така, не заборавајте на додатоците кои го заокружуваат целото модно издание, а водителката овој пат на себе стави едноставно ланче и големи кружни обетки.


фото: Принтскрин / Инстаграм