Стил // Стил на денот
Стил на денот: Кожeни панталони за впечатлив уличен стил
Кожeните панталони, наместо фармерки се омилени кај девојките во последно време. Претходно, тие не се носени во секојдневни прилики, но секако трендовите се менуваат и денес тие се составен дел од гардеробата на скоро секоја девојка. Кожeни панталони во комбинација со бела маица е одлична комбинација која е многу удобна и се носи во секоја пригода. Дизајнерите посветуваат големо внимание на кожeните панталони и ги презентираат во различни стилови. Тесен, класичен, со широки ногавици, изразени џебови или шевови, црни или во светли бои... Без оглед за кој модел ќе се одлучите, можете да ги носите во комбинација со вашите омилени маици и јакни, лесни кошули, туники, како и класични палта или машки јакни.
фото:instagram