Стил на денот: Кралицата Летиција во моќен фустан со интересен дезен

Добивај вести на Viber

Вака треба да изгледа добро стилизирана жена

Кога некаде ќе се појави кралицата Летиција, сите други дами паѓаат во втор план. Токму така беше и овој пат, а кога ќе ги видите фотографиите ќе ви биде јасно зошто.

Таа деновиве е на турнеја низ Шпанија, а овие фотографии се направени во Мадрид. Летиција за оваа пригода избра миди фустан со интересен дезен.

Комбинацијата од неколку нијанси на виолетова и крем е полн погодок и изгледа многу моќно. Целата комбинација ја заокружи со салонки во светло виолетова боја и ремен во иста боја кој ја истакна нејзината витка половина.

Исправената коса и намалената шминка сега се нејзин заштитен знак, па не очекувавме ништо друго од неа.

И овој пат таа заслужи чиста десетка за стил.



Фото: Профимедиа