Стил на денот: Кралицата Летиција во панталони над глужд со широки ногавици

Добивај вести на Viber

Модна лекција од кралицата Летиција која секоја жена со стил треба да ја запамети

Честопати ги гледавме омилените панталони на шпанската кралица во текот на летото, а таа им останува верна и во есенската сезона.

Имено сопругата на шпанскиот крал Фелипе Шести е жесток обожавател на овие панталони, па ги има во сите бои и кроеви, а сега облече модел кој лесно се комбинира и изгледа многу елегантно.


Овие тричетврт панталони веа популаризирани од Лејди Дијана во текот на осумдесетите, а оттогаш сите полудеа за ова необично парче, кое дава многу шик изглед и е лесен начин да се додаде елеганција на навидум едноставната облека. Подеднакво изгледаат тренди во елегантни комбинации и во секојдневен стил.

Овој пат, шпанската кралица избра модел од модната куќа „Hugo Boss“, со подлабок струк и широки ногавици, инспирирани од класичните панталони.

Извор: glossy.espreso.co.rs