Стил на денот: Кралицата Летиција во удобни чевли кои совршено одговараат со панталони

Добивај вести на Viber

Кралицата Летиција од Шпанија и кралот Фелипе VI, го посетија „Меркамадрид“  најголемиот шпански пазар во Мадрид.
Кралската двојка ги обиколи магацините и разгледуваше разни производи, и разговараше со раководството и продавачите за предизвиците со коишто се соочуваат во нивниот бизнис заради пандемијата.

Летиција, традиционално повеќето официјални посети ги поминала во чевли со високи потпетици, но бидејќи ова било утринска задача што вклучувала подолга прошетка низ пазарот, кралицата мудро ги оставила високите потпетици во плакарот и се определила за многу поудобни чевли.

За нејзиниот изглед таа избра црни пантолони, блуза и сива карирана јакна од дизајнерот Каролин Херера, а целиот изглед го комплетирала со оксфортки.

Овие чевли се удобни и совршено одговараат со панталони или фармерки. Овие модерни и софистицирани чевли, треба да ги имате, особено оние жени кои сакаат минималистички стил.


Извор: stil.kurir.rs