Стил на денот: Кралицата Летиција во заносен бордо фустан

Добивај вести на Viber

За нејзиниот стил е излишно да се коментира, бидејќи многупати досега докажала дека ретко знае да направи модна грешка.

Така и овојпат, 48-годишната кралица на Шпанија, изгледаше неверојатно убаво во заносен бордо фустан на изложбата во Националната галерија во Мадрид.

Станува збор за веќе распродадена креација на брендот „Massimo Dutti“, која Летиција ја искомбинира со омбре салонки од „LODI“ и црн капут од „Carolina Herrera“.