Стил на денот: Кралицата Летиција воодушеви во најбараниот модел на чевли оваа сезона

Добивај вести на Viber

Кралицата Летиција важи за една од најстилските дами во Европа, па не е ни чудо што погледите на модните експерти честопати се насочени кон нејзините изданија, а последната во низата не ги разочара. Шпанската кралица и нејзиниот сопруг - кралот Филип Шести, го посетија градот Фундетодос за да ја одбележат 275-годишнината од раѓањето на славниот сликар Франциско Гоја.

Познатата 48-годишна дама избра шик и елегантна комбинација за оваа убава, но неформална пригода. Таа е верна на класиците, кои ги крши со неколку трендовски парчиња, па тоа го стори и овој пат.

Летиција комбинираше црни деловни панталони со блуза во риги и лежерна бела јакна со потпис на дизајнерот Фелипе Варела, во која од време на време ја гледаме уште од 2007 година.

фото: profimedia

Таа надополни сè со дискретен накит и чанта со Нина Ричи, а нејзиниот избор на чевли особено го привлече вниманието. Славната Шпанка се одлучи за модел на салонки со ниска потпетица и обрната кожа, но со slingback петица, што во моментов е еден од најбараните пролетни модели.

Во сексапилно издание: Кралицата Летиција во корсет со пердуви од 40.000 денари

Овој модел на чевли се врати на модната сцена во 2019 година, а оваа сезона ќе го доживее врвот на популарноста. Тие се далеку поудобни од класичните салонки, па затоа е лесно да се издржи во нив цел ден, а сепак изгледаат доволно елегантно. Моделот подразбира отворена потпетица, а тие се комбинираат со здолништа и фустани, како и со бројни модели на фармерки и панталони.


Фото: profimedia

извор: жена.блиц.рс