Во сексапилно издание: Кралицата Летиција во корсет со пердуви од 40.000 денари
Кралицата Летиција од Шпанија во атрактивен корсет со пердуви од 40 илјади денари.
Шпанската кралица Летиција и кралот Фелипе Шести пристигнаа во Андора, што е, всушност, нивното прво официјално меѓународно патување по избувнувањето на глобалната пандемија.
Летиција од Шпанија важи за една од најдобро облчените дами од сите кралски семејства, а неодамна го привлече вниманието со добро познатиот фустан со потпис на брендот Масимо Дути, кој го носеше исто така и холандската кралица Максима.
Овојпат, Летиција „рециклираше“ привлечно парче облека што многумина сметаат дека кралиците не би го носеле!
Обично носи миди здолништа и фустани за важни настани, а овој пат носеше ризичен топ корсет во прашкаста нијанса, со потпис на шпанската марка The 2nd Skin Co вреден околку 900 долари.
Корсетот го носеше со црни панталони, а веќе беше видена во оваа комбинација и во јануари 2019 година.
извор:glossy