Стил на денот: Две кралици, еден фустан - која подобро го носи Летиција или Максима
Двете кралици - Максима од Холандија и Летиција од Шпанија, се појавија во идентични црвени фустани.
Станува збор за модел потпишан од познатата шпанска марка Масимо Дути.
Пред неколку дена, кралицата Летиција се појави во црно-црвена комбинација која навидум е многу скромна, а кога го соблече палтото откри интересни отвори што го направија овој модел на фустан многу заводлив.
Таа беше забележана при отворањето на изложбата во Мадрид, а овој фустан го комбинираше со потпетици во ист тон, од брендот Лоди.
Од друга страна, кралицата Максима, исто така секогаш беспрекорно облечена, го носеше истиот фустан во октомври минатата година.
Заедно со палто во иста боја, со потпис на Оскар де ла Рента, но и со црвени длабоки чизми и црвена чанта.
Што мислите која подобро го носи?
фото:profimedia
извор:GLOSSY
Стил на денот: Стајлинг за секоја жена - облечете се по примерот на кралицата Летиција