Стил на денот: Стајлинг за секоја жена - облечете се по примерот на кралицата Летиција
фото:profimedia
Кралицата Летиција и кралот Фелипе, шпанско дуо, деновиве ги извршуваат своите кралски должности, а ние внимателно следиме што носи кралицата на модата овој пат.
Кој за што, ние за совршениот фустан на кралицата Летиција (48). Имено, и покрај студот што моментално е во Шпанија, Летиција одби да носи палто. Се чини дека пролетта веќе започна за неа.
Во темносина блуза со лелеави ракави и „молив“ здолниште, во светло сина нијанса, и овој пат ги остави без зборови сите модни критичари.
Без разлика дали сакате или не, ќе се согласите дека ова е совршена деловна комбинација.
Летиција каде и да оди, секогаш носи заштитна маска. Така беше и овој пат. Она што го забележавме е дека не станува збор за модерни маски, туку само за оние што ги налага СЗО.
Доколку оваа пролет планирате да ја посветите на освежување на вашиот стил, ви предлагаме да се огледате на изгледот на кралицата Летиција, бидејќи она што го носи таа одговара на сите типови женско тело.
извор: stil.kurir.rs