Кралица е, ама носи исти комбинации и по три пати: Летиција не им придава значење на модните правилата (ФОТО)
Шпанската кралица Летиција сака да ги крши модните правила!
Шпанската кралица Летиција (48) привлекува внимание со својот стил на облекување каде и да се појави.
Иако најчесто ја гледаме во различни комбинации за секој пригода соодветно одбрани, кралицата знае да направи и отстапка и да облече ист стајлинг повеќепати.
Досега е приметена да носи две комбинации по три пати.
Бел деловен фустан
Овој фустан кралицата го носеше прв пат во 2017 година со сребрен ремен и сребрени салонки, потоа во 2018 година го искомбинира со црн ремен и салонки, и трет пат го облече месецов, 2021 повторно исто искомбиниран како во 2018-та.
Пролетен фустан
Овој модел на темносин пролетен фустан и украсен со шарен дезен на конфети, Летиција исто така го носи по трет пат. Се работи за ефективен миди фустан со потпис на брендот Масимо Дути.
Прв пат го носеше во 2019, потоа во 2020 година и месецов, 2021. Сите три пати го искомбинира со црвени салонки.
Овој избор на кралицата Летиција е сигурен знак дека е подготвена за пролетната сезона.
фото:profimedia/instagarm/moderroyalera