Стил на денот: Кралицата Летиција за прв пат во ултра краток фустан ги покажа совршените нозе
Шпанската кралица Летиција ужива на семеен одмор во Палма де Мајорка, а таму блесно во вистинско летно и шик издание.
Убавата Шпанка овој пат се одлучи за малку пононшалантна комбинација, погодна за фини, опуштени вечери на море, па имавме можност да ја видиме во парче кое речиси никогаш не го носи.
Имено, таа облече ултра краток фустан, откривајќи ги нејзините извајани нозе, а навистина се ретки ситуациите кога една кралица може да си дозволи таков дрес код. Сепак, мораме да признаеме дека овој модел одлично ѝ стои.
Летиција избра лелеава кошула-фустан во розови и бели тонови што се стеснува кај половината, а ја надополни со шик детали - плик чанта со впечатлив принт и омилениот модел на сандали, односно еспадрили со платформа.
Извор: zena.blic.rs