Стил на денот: Кралицата Летиција знае дека со овие рамни, секојдневни чизми нема грешка
Шпанското кралско семејство викендот го искористи за прошетка по идиличните предели во својата татковина. Поточно, кралското семејство го помина денот во гратчето Санта Марија дел Пуерто де Сомиедо, кое беше прогласено за најубаво село во 2021 година.
За оваа пригода, кралицата Летиција во придружба на сопругот и ќерката се одлучи за лежерно, но многу ефективно издание во топли тонови, во кое доминираа беж мантил и кафени чизми до глужд.
Поранешната шпанска новинарка носеше беж капут на германскиот бренд Hugo Boss, чии комбинации на облека често ги избира за извршување на секојдневните обврски, но и за свечените пригоди.
Под омилениот есенски капут имаше предимензиониран шарен шал, но и тесни фармерки во маслинесто-зелена боја кои ја истакнаа нејзината фит фигура.
Кралицата Летиција е љубител на чевли со високи потпетици, а за оваа пригода избра кафеав кожен глужд. Таа ја собра косата во лежерно опавче и го заштити лицето со маска.
Како ви се допаѓа ова издание на убавата кралица?
извор:stil.kurir.rs