Стил // Стил на денот
Стил на денот: Кралицата Максима во комбинација во која секоја жена изгледа витко
Фото: Profimedia
Ако сакате да блеснете,
копирајте го овој стајлинг
Кралицата Максима е без сомнение една од најстилизираните жени во светот, а тоа го потврди уште еднаш со оваа комбинација.
Таа се одлучи за монохроматски стил кој, како што знаеме, е апсолутен хит оваа сезона. Ако се комбинира на овој начин и во посветли нијанси, фигурата може да изгледа повитко.
Стајлингот го надополни со масивни нараквици, црна брош и високи потпетици.
Кралицата строго ги почитува сите епидемиолошки мерки, па затоа ја усогласи маската со стајлингот.