Стил на денот: Кралицата Матилда елегантна и заштитена

Добивај вести на Viber

Кралицата Матилда од Белгија, посети расадник за растенија и се состана со неколку жени претприемачи во секторот за градинарство и цвеќиња за да разговара за влијанието на  коронавирусот врз нивните бизниси.

За таа прилика Кралицата Матилда, која е мајка на 4 деца се одлучи за комплет од три дела. Модерни панталони со широки ногавици, кошула со асиметричен крој и маска за заштита, сето тоа во корално црвена боја. Модерна, елегантна и заштитена.

Целиот изглед го докомплетирала со сандали во светло зелена боја и мала шарена чанта кај која преовладува зелената боја.

Фото: Инстаграм