Стил // Стил на денот
Стил на денот: Лејди Гага во бојата која сѐ почесто ќе ја гледаме на улиците
Светлите бои доминираат секоја пролет и лето. Секоја сезона се менува бојата која е тренд, а познатите личности се оние кои донекаде влијаат врз тоа која ќе носи.
Лејди Гага е една од познатите личности која ги диктира трендовите, па така неодамна сподели фотографија на Инстаграм на која е облечена во зелени комбинезонки и зелена карирана кошула.
Оваа нијанса на зелената боја е хит за оваа сезона, а освен Гага на себе ја облекоа и многу други познати ѕвезди.