Стил на денот: Лејди Гага во моќен авангарден капут

Добивај вести на Viber

Лејди Гага (34) е позната како мајстор за трансформација и по својот ексцентричен стил на облекување. Малку шокантно, но секако автентично. 

Лејди Гага моментално снима нов филм за животот на модната династија „Гучи“ во Рим, а папараците ја фотографираа додека заминуваше од хотел во италијанската престолнина во совршен стил. 

Таа блескаше во моќно палто со интересен крој во комбинација со авангардни чевли, ракавици, торба Селин и бела заштитна маска.


Фото: Profimedia