Стил на денот: Лепа Брена во фустан кој треба да го има во сечиј плакар

Добивај вести на Viber

Децении поминуваат, нејзиниот стил останува - Лепа Брена воодушевува во тренди фустан.

    Една од најголемите југословенски ѕвезди и на 60-годишна возраст негува младешки стил на облекување, а низ годините научила да го истакнува она што ѝ прилега и вешто да ги прекрива недостатоците, ако постојат такви.

    Овој пат, Лепа Брена ни е стилска инспирација со фустан кој дефинитивно треба да го има воплакарот на секоја дама.

    Станува збор за пролетно/летен фустан од лесен материјал со впечатлив дезен кој во горниот дел изгледа како кошула и е поширок.

    Фустанот го искомбинирала со рамни чевли во истата тегет нијанса со која е прошаран фустанот.