Стил на денот: Лила Филиповска покажа како се комбинираат леопард хулахопки

Добивај вести на Viber

Доколку се прашувате како да ги носите дезенираните хулахопки без да ги надминете границите на добриот вкус, водителката Лила Филиповска го има вистинскиот одговор за вас.

Хулахопките со принт прават секоја комбинација да изгледа двојно подобро, а покрај тоа се наш сојузник во ладните есенски и зимски денови.

Па, секогаш кога ќе посакате да покажете смелост и да бидете забележани, препорачуваме да облечете хулахопки со принт, а вака го прави тоа Лила:

Водителката се одлучила за хулахопки со леопард принт и ги искомбинирала со едноставен црн сако фустан и сандали со висока потпетица.

Ефективно и многу заводливо!

фото;instagram