Стил на денот: Лила Филиповска во романтичен пролетен фустан, совршен за свечености

Добивај вести на Viber

Водителката Лила Филиповска е како вистинска филмска дама во совршен фустан за пролетни свечености и празници, кој ја следи линијата на телото.

Нежен и романтичен, а сепак доволен сам за себе, без потреба од пренатрупани модни додатоци, фустанот е вистински избор со кој многумина ќе оставите со подотворена уста.

Миксот од свежи бои и цветен дезен му даваат пролетна нота на нежност и романтика, а сепак неговата форма која ја следи линијта на телото прави да биде сексапилен и заводлив.

„Ако се Цветници , сѐ нека биде во знакот на цвеќето“ - напиша водителката вчера, позирајќи со букет цвеќе во рацете за празникот Цветници.