Стил // Стил на денот
Стил на денот: Макси фустан најсилен есенски моден адут
Ви ги претставуваме трите најатрактивни идеи како оваа есен и зима да ги носите макси фустаните во секоја прилика...
Веќе некое време во модниот свет доминираат фустани кои ги носиме и во поладните месеци. Тоа се макси фустаните во различни бои и дезени, чија главна предност е тоа што лесно се комбинираат со другите парчиња облека, прикладни се за секоја пригода - од одење на прошетка и на работа, до излегување.
Но, главната дилема на жената кога станува збор за макси фустаните е со кои обувки е најдобро да се носи.
Ви претставуваме три идеи за тоа како оваа есен и зима да ги носите макси фустаните, а притоа да изгледате шик и во тренд:
1. Макси фустан и „комбат“ чизми
2. Макси фустан и патики
3. Макси фустан и ниски каубојки