Стил на денот: Марјана Станојковска во тренди минт плетен фустан - Знае како да го носи
ТВ водителката Марјана Станојковска е девојка која секогаш внимава на својот изглед. Една од ретките кои секогаш е скоцкана без разлика дали е пред камера или зад неа.
Навикнати сме да ја гледаме во свечени долги фустани кои одлично и прилегаат, но знае да изненади и со парчиња облека кои се секојдневни лесно носливи, а сепак специфични.
Една таква комбинација е плетениот фустан со минт боја, кој го искомбинирала со високи чизми во крем боја и бела чанта.
Оваа боја важи за една од нејнежните нијанси на зелената боја. Иако многумина ја сметаат за летна боја, сепак минт бојата одлично се комбинира и за поладните месеци.
Оваа конкретна нијанса може да функционира како неутрален елемент со кој лесно се стилизираат други нијанси и бои, а во исто време ќе обезбеди освежување во споредба со класичните неутрални бои како белата и црната.
Еве неколку изданије на Марјана во минт боја:
Фото: Инстаграм