Стил на денот: Меган Маркл по вторпат во ист кошула-фустан
Војвотката Меган Маркл на семејното кралско патување во Јужна Африка, прошета неколку модни комбинации со кои ги воодушеви жените низ светот.
За посетата на историскиот музеј во Кејп Таун, Меган носеше кошула-фустан од Вероника Биард, кој за првпат го видовме на неа минатата година во Тонга.
Нежниот син фустан овојпат го искомбинира со нејзините омилени еспадрили, кои ги носеше со уште неколку комбинации. Минатата година пак беше послаба за разлика од сега, и избра сандали во пастелно сина боја.
Доколку сакате да го копирате стилот на Војвотката, сличен модел на кошула-фустан може да најдете во продавниците на Манго по цена од 2990 денари. Го има во бела, небесно сина и ефектна жолта боја.
Мајката на малиот Арчи, кој навистина многу наликува на татка си Хари, има моден стил за чиста десетка!