Стил // Стил на денот
Стил на денот: Меган Маркл во фустан кој глорифицира една млада ѕвезда
Толку многу
прашина се крена околу интервјуто кај Опра на Меган Маркл и принцот Хари, што
не се памети дека некој во последната деценија извршил вакво влијание и поделил
толку мислења.
На интервјто Меган носеше фустан од Армани, ама веднаш после настапот направија заедничка фотосесија со сопругот и синот Арчи. На фотографиите се гледа дека Маркл е бремена, а објавија дека носи девојче.
Интересно е тоа што фустанот на фотографијата чини околу 400 евра и е посветен на Пајпер Америка, млада пејачка, актерка и манекенка. Всушност, таа е муза на брендот La Ligne кој се потпишува зад парчето облека.
Овој фустан на Меган е од свила, со паф ракави и цветен дезен, а потсетува на ерата на бохо стилот. За 24 часа од појавувањето на фотографијата на која го носи Меган, фустанот се распродаде во илјадници парчиња.Фото: Marie Clarie, Misan Harriman