Стил на денот: Меган Маркл во кошула, фармерки и накит вредни 400 илијади долари - комбинација за читање на нејзината книга
Иако на прв поглед изгледа како Меган да избрала лежерна комбинација, накитот што го искомбинирала со истата е сè само не обичен и секојдневен!
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл ја претстави својата книга за децата „Клуп“.
Седејќи на удобно столче во градината на нејзиниот дом во Монтезит, сопругата на принцот Хари и мајката на Арчи и Лилибет, војвотката Меган читаше книга посветена на нејзиниот син и сопруг.
Ова видео се појави на YouTube, а како и секогаш кога е Меган во прашање, нејзиниот стајлинг беше во центарот на вниманието.
Иако на прв поглед Меган изгледа лежерно и удобно, во фармерки и кошула, нејзиниот накит е сè само не секојдневен!
Меган носи накит вреден над 400 илјади долари. Часовникот кој често го носи е златен Картие, вреден 23 илјади долари, кој некогаш ѝ припаѓал на принцезата Дијана. Овој часовник Хари на Меган ѝ го подарил во првите години од нивната врска. Со што друго, таа би можела да го спои Картие освен со нараквица со ист потпис - вредна 6.900 долари.
Има и мини златна нараквица од 3000 долари, дизајнирана од Џенифер Мајер и прстен на малиот прст, дело на Лорејн Шварц, кој се проценува на 62 илјади долари.
Меган го надополни изгледот со нежна шминка и лежерна пунџа.
извор:GLOSSYфото:PROFIMEDIA