Стил // Стил на денот
Стил на денот: Меланија Трамп со беспрекорен стајлинг за враќање во јавноста
Поранешната прва дама и нејзиниот син Барон летуваат во Њујорк
Откако се исели од Белата куќа во јануари, Меланија Трамп исчезна „од нишанот“ на папараците, како и надвор од очите на остатокот од светот. Сепак, списанието „Пипл“ ја пронајде.
Поранешна прва дама и нејзиниот син Барон летуваат во Њујорк, објавија медиуми од светот, a тоа што на многумина им падна во очи е нејзиниот изглед. Скоцкана од глава до пети, елегантна како и секогаш, но од друга страна зрачи со едноставност.
Бели панталони, едноставна бела блуза и модерно сако во крем боја се изборот на Меланија. Целиот изглед го заокружи со бели балетанки несвојствени за неа и голема бела чанта.Неизбежен моден детаљ се и очилата за сонце кои ѝ стојат одлично.
За разлика од првата сопруга на Доналд, Иванка, Меланија не ги следи стапките на нејзиниот сопруг. Таа често патува сама во Америка, дури и во странство, без големата медиумска помпа што не и се допаѓаше дури и кога Трамп беше на чело на државата.Според упатените, совршено му одговара се додека е среќна и задоволна. Така шета низ Њујорк овие денови без него. Како и секогаш, во беспрекорен стајлинг ...
Извор: stil.kurir.rs
Foto: Profimedia