Стил // Стил на денот
Стил на денот: Мелита Ракичевиќ е шик дама во долг бел фустан
Водителката Мелита Ракичевиќ која ова лето дефинитивно ужива максимално во благодетите на морето, поминувајќи го речиси секој ден покрај вода и на плажа, често споделува со обожавателите на социјалните мрежи фотки од местата кои ги посетила, но и нејзините модни избори.
А, атрактивната водителка, денес е наш моден избор дефинитивно, во долг бел фустан изгледа како божица.
Умешно го искомбинирала со шешир, очила и рамни сандали и можеме само да ја пофалиме дека направила супер избор.