Стил на денот: Миа Костова во капут елек - модно парче задолжително за оваа есен

Добивај вести на Viber

Поранешната ТВ водителка и инфлуенсерка Миа Костова е трендсетерка во комплетна смисла на зборот. Секоја комбинација која ќе ја покаже на социјалните мрежи, за кратко време може да се види на многу девојки, а ова кажува многу за нејзиното влијание над своите следбеници.

За овој неработен понеделник, одлучивме модно да се инспирираме од неа, па така од нејзиниот Инстаграм профил ја издвоивме ова модна комбинција. Составена е од црни хеланки, бела „оверсајз“ кошула и модното парче кое со сигурност ќе стане „must have“ парче за оваа сезона - капутот елек во виолетова боја.

Сето ова Миа го имаше искомбинирано со црни високи потпетици и црна чанта, како и очила за сонце, кои се задолжителен додаток за овие сончеви денови.

View this post on Instagram

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)


фото: Принтскрин / Инстаграм