Стил // Стил на денот
Стил на денот: Милена Антовска во здолниште кое ќе ја одбележи сезонава
Водителката Милена Антовска Станковска денес е наша модна инспирација.
На својот Инстаграм профил таа сподели фотки на кои носи кожено здолниште во светло кафеава боја, модел кој ќе ја одбележи сезонава. Парче кое треба да го имате во вашиот гардеробер, облека која се комбинира и стои убаво и со патики и со високи потпетици.
Водителката која неодамна по завршувањето на породилното отсуство се врати на работа и деновиве ја гледаме повторно на утринската програма на Канал 5 телевизија, здолништето го искомбинирала со плетена ролка во валкано бела боја и чизми во иста боја како здолништето.
Совршена тренди есенска комбинација.
Фото: Инстаграм - Милена Антовска