Стил на денот: Модниот избор на Меган Маркл e копија од Волис Симпсон, жената со која делат иста судбина + носи скриена порака
Додека светот „зуи“ за новите детали, пикантериите и семејните тајни откриени од Меган Маркл и принцот Хари, многумина успеаја да забележат симболика што не се приметува на прв поглед.
Освен вербално, Меган испрати и неколку пораки со изборот на облека и накит. Значи, ништо не беше оставено на случајноста. Меган многу внимателно одбра што да облече за интервјуто за Опра Винфри во Калифорнија, а ние ги откриваме сите детали за нејзиниот стајлинг.
За почеток, црниот фустан од свила со потпис на модната куќа Армани е во продажба по цена од 4700 долари. На десното рамо на овој фустан има бел лотос, што е, всушност, симбол на преродба. Со ова, се верува, како што Меган рече дека е „повторно родена“ со новиот живот во Америка.
Меган носеше и накит од Дијана!
Станува збор за нараквицата на Картие на покојната принцеза, нејзината свекрва, чија вредност се проценува на нешто помалку од два и пол милиони динари! Инаку, Хари искористи два камени од оваа нараквица за да го направи вереничкиот прстен што ѝ го даде на Меган.
Се смета дека Меган со овој накит сакала да каже дека Дијана е присутна додека излегуваат од сите досега дозволени рамки и откриваат непознати семејни тајни.
Експертите со остри очи ја споредија Меган со Волис Симпсон, жената за која Едвард VIII абдицираше, како поради фустанот така и поради косата. Покрај тоа, многумина тврдат дека Меган ја имитирала со својот став. Волис Симпсон беше разведена Американка поради што нејзиниот сопруг го загуби престолот.
Случајност? Не би рекле.