Стил // Стил на денот
Стил на денот: Модно парче кое ќе биде задолжително за удобна и тренди есен
Овој тренд ќе им се допадне на повеќето жени
Есента ни се приближува опасно, па крајно време е да ја подготвиме гардеробата за постудената сезона. Оваа година, надвор од сите очекувања, светлите бои и интересни модели ќе бидат популарни. Иако таквите парчиња не се типични за есента, модните дизајнери одлучија да ги прекршат сите правила.
Костимите во весели бои ќе бидат особено популарни. Секоја жена со стил мора да има барем еден добро скроен костим во гардеробата, едногласно се согласуваат модните експерти.
Што се однесува до боите, сите тие ни се достапни, а правилото е, колку е појака бојата, толку подобро. Ваше е да ја изберете нијансата што најмногу ви одговара.