Стил на денот: Со евтин трик до скап изглед - Брижит Макрон инспирира со стилот
фото:MARECHAL AURORE/ABACA / ABACA PRESS / PROFIMEDIA
Првата дама на Франција, Брижит Макрон уште еднаш покажа како се прави секојдневeн и полу-деловен стил кој е практичен, интересен, а нејзиниот трик е толку едноставен!
Брижит Макрон (68), сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон (44) го привлече вниманието на јавноста со своите мини здолништа, но најчесто сепак избира комбинација од тесни панталони и капут со закопчување во два реда карактеристични за француски шик стил.
фото:MARECHAL AURORE/ABACA / ABACA PRESS / PROFIMEDIA
Тесни црни панталони, црн капут до колена со класичен крој и кратки чизми со блок потпетица, а деталот од оваа комбинација за кој најмногу се зборува е шалот. Брижит избра жолт шал, со кој го надополни палтото и лежерно го стави преку едното рамо.
Во апсолутен контраст со темниот аутфит, овој додаток ја „разбуди“ оваа варијанта на облека на првата дама на Франција со својата веселост, особено затоа што таа се одлучи за многу долг и малку поширок модел, кој автоматски го привлекува погледот. Покрај тоа, таа не избра вообичаената жолта боја, туку многу ефикасната боја на сенф, која секоја есен и зима се наметнува како една од најпопуларните, а одлично се вклопува со русата коса на Брижит.
извор:GLOSSY