Стил // Стил на денот
Стил на денот: Нагласена половина и вистинска есенска боја, Кејт Мидлтон во фустан идеален за октомвриските вечери
Кејт Мидлтон повторно ги шармира сите со ново модно издание
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ја обиколи породилиштето во Гилдфорд, Англија за да се увери дека бебињата и мајките добиваат соодветна грижа и дека се задоволни од третманот што го добиваат во болницата.
За таа прилика Кејт облече фустан во жолта боја во сенф нијанса од британскиот бренд „Карен Милен“, кој, како што пренесуваат странските медиуми, го купила на специјална распродажба за само 300 долари.
Фустанот е со засечена јака и надуени ракави, исечен е на половината и има ремен во иста боја. Долниот дел од фустанот е плисиран, богато набран и паѓа под коленото. Со него, Кејт искомбинира тегет салонки од нејзиниот омилен бренд „Gianvito Rossi“.
Извор: glossy.espreso.co.rs