Стил на денот: Наташа Беквалац во предимензиониран капут во боја која не е за секој
Една од најубавите познати Србинки има пример за фантастичен стил овој декември...
Добро е позната дека убавата пејачка од Нови Сад секогаш води сметка за својот изглед, а овој пат на себе носеше монохроматска комбинација која ја зачини со многу необична фризура.
Иако на прв поглед веројатно сите ја забележаа необичната пунџа и шишки - што не е типична фризура која ја гледаме на Наташа - нејзиниот стил е тренди, впечатлив и софистициран.
Убавата пејачка се одлучи за нежна, бела комбинација, во која доминираше белиот капут - моден адут за секоја сезона. Иако не сите дами се љубителки на бел капут, поради тоа што лесно може да се извалка, тој гарантира елеганција во движење.
Во прашање е незаменлив класик, а бидејќи предимензионирате капути веќе неколку сезони се еден од главните модни трендови, комбинацијата на предимензионирано и бело е одличен спој.