Стил на денот: Наташа Беквалац во ултра тесен кожен фустан и високи потпетици од кои боли глава
Наташа Беквалац важи за една од најубавите и најстилизираните пејачки на Балканот, а нејзините модни изданија се секогаш вистинска
инспирација. Додека на сцената атрактивната русокоса секогаш блеска во
предизвикувачки и екстравагантни креации, во секојдневниот живот негува нешто
посмирен и помалку агресивен стил.
Атрактивната пејачка од Нови Сад неодамна гостуваше во емисијата „Ami G Show“, појавувајќи се во едноставна, но истовремено и многу секси и модерна комбинација.
Беквалац избра кожен фустан со миди должина со надувани ракави што ја следи линијата на телото и на тој начин ја истакна својата витка фигура. Бидејќи горниот дел од фустанот е во форма на корсет, до израз дојде и бујното деколте на Наташа.
Но, повеќе од самиот фустан, погледот го украде нејзиниот избор на чевли - сосема неочекувано и храбро. Убавата 41-годишна дама одбрала кожени чизми во иста боја како фустанот, но со огромна платформа и потпетица од најмалку 15 сантиметри.
Инаку, вакви чизми често можеме да видиме на Лејди Гага и Џенифер Лопез, а Наташа очигледно решила да ја позајми оваа „финта“ на холивудските ѕвезди за да добие висина.
Пејачката имаше и одлична фризура - платинесто русата коса ја завитка во раскошни локни, а се одлучи за впечатлива шминка со вештачки трепки, бронзена сенка и кармин во бојата на кожата.
Стајлинг како вистинска холвудска ѕвезда!
Фото: Инстаграм - Наташа Беквалац
Фото насловна: youtube - screenshoot - AmiG Show