Стил на денот: Неда Украден во модел на капут кој може да го носите и ако имате 20 или 80 години
Неда Украден е една од најдобро облечените дами на балканската јавна сцена
Пејачката Неда Украден е доста активна на социјалните мрежи, па освен што ги најавува своите настапи, таа споделува и разни семејни моменти, а многумина гледаат модна инспирација во нејзините објави.
Овој пат Неда позираше во црна комбинација на облека, избра ролка и ѕвонарки, додека нејзиниот капут всушност ги привлече сите погледи и веројатно не постои жена која не би сакала да има едно вакво парче.
Белиот долг капут секогаш ќе биде симбол на елеганција и ненадминат стил, а особено е доминантен кога е во контраст. Иако многумина ќе се согласат дека белата боја е многу незгодна и неблагодарна за одржување, белиот мантил е дефинитивно неопходност за секоја самоуверена жена.
Извор: glossy.rs