Стил на денот: Нина Бадриќ плени во летен фустан - совршена мера за префинетост и женски стил
Поп пејачката Нина Бадриќ секојдневно докажува дека не е само одличен талент кога станува збор за музика и вокални способности, туку и за модни експерименти, кои ги инспирираат дамите ширум регионот.
Нина во изминатите неколку недели уживаше во магичните острови низ Хрватска, а нејзините комбинации на облека се едноставно возбудливи, бидејќи најде совршена мера - префинетост, летна лежерност и дамски стил кон кој се стреми со години.
Белиот, лелеав фустан до колена со необични ленти потсетува на морска идила, осветлена од сонцето и убаво време, а Бадриќ посака да ги сними овие моменти со внимателното „око на камерата“, бидејќи залудно не се вели дека спомените од патувањата се најскапоцени.
Едноставниот, но ефективен стајлинг пејачката го надополни со платнени сандали со платформа, со што дополнително ја издолжи фигурата.
Како ви се допаѓа летниот стајлинг на Нина? '
извор:GLOSSY