Стил на денот: Нина Бадриќ во фатален фустан кој ќе биде омилен тренд оваа есен
Сите зборуваат за фустанот на Нина Бадриќ во кој изгледа толку секси и се согласуваат во едно - дека никогаш не изгледала подобро! Имено, пејачката на Инстаграм објави нова слика на која позира во многу предизвикувачки аутфит.
Кожениот мини фустан на Нина е парче облека по кое жените полудеа, а сигурно ќе биде омилен моден тренд во есенските денови. Пејачката во преден план ги истакна своите згодни нозе и витката линија која ја доведе до совршенство.
Аутфитот го комплетираше со нежна шминка и романтична брановидна фризура, како и со својата неодолива широка насмевка.А за сите нејзини следбеници имаше интересна порака:
„Не мора секогаш да имате план. Понекогаш е доволно да дишете, да верувате, да се ослободите и да видите што ќе се случи. - Менди Хејл“
Извор: stil.kurir.rs