Стил // Стил на денот
Стил на денот: Нина Бадриќ во парче што се носеше пред 20, а ќе се носи и во наредните 30 години
Студените мрачни есенски денови често знаат да ни го расипат расположението. Меѓутоа, кога станува збор за Нина, тоа апсолутно не е така.
Таа е жена полна со енергија, секогаш подготвена за нови предизвици, особено кога е модата во прашање. А тоа уште еднаш го покажа носејќи прекрасен долг зимски капут во светло портокалова боја.
Црните панталони, црната маичка и ултра популарната нова фризура беа одлично надополнети со еден детаљ, овој смел капут, кој на целата комбинација ѝ даде посебна доза на шарм.
Извор: glossy.rs