Стил на денот: Ноне Неделковска ги истакна облините во фармерки и блуза со еден ракав

Добивај вести на Viber

Ноне Неделковска има супер едноставен, а сепак впечатлив стил. Денес таа нѐ инспирира со совршена комбинација која можете многу лесно да ја ископирате.

Фармерки и блуза е еднакво на класика, а Ноне го одбрала одличниот модел на фармерки кои идеално одговараат на нејзината фигура, и ги истакнуваат нејзините облини. 

Фармерките ги искомбинирала со небо боја блуза која е без еден ракав и која има впечатливи карнери што прават да биде супер модерна.