Стил на денот: Носете тренди костим како кралицата Летиција
Кралицата Летиција е инспирација за жените ширум светот, и уште еднаш покажа дека тоа не е без причина.
Со својот последен изглед, таа привлече големо внимание и пофалби од модните професионалци. Костимите и темно зелената боја се огромен хит сезонава, а таа успеа да ги искомбинира на одличен начин.
Струкираното сако во комбинација со класични панталони, ја истакнаа нејзината женственост.
Сакото ја нагласува тенката половина, а овој модел е одличен и затоа што ги сокрива сите недостатоци. Панталоните со висок струк визуелно ги продолжуваат нозете и ги прават потенки, затоа жените ги обожаваат.
Зелената боја е победник оваа сезона, освен што е модерна, ве издвојува од другите. Ако сакате да бидете во чекор со трендовите, следете го нејзиниот пример и нема да погрешите.