Стил на денот: Оливија Палермо во комбинација која е совршена за жени од сите генерации

Добивај вести на Viber

Веќе сме навикнати на одличните стајлинзи на Оливија Палрмо, но овој особено им се допадна на модните критичари.

Оваа модна комбинација е совршена за жени од сите генерации, ќе изгледа одлично кај девојчиња на 20 години, но и кај жени на 50 години.
Оливија состави навидум некомпатибилни парчиња и на тој начин го создаде овој феноменален стајлинг. Таа искомбинира плетена тренерка, која во последно време е апсолутен хит и поелегантно палто.

Оваа комбинација, покрај тоа што изгледа моќно, е и многу удобна, па нема сомнение дека ќе им се допадне на голем број жени. Покрај тоа, комбинацијата на кафеава и сина е полн погодок, така што целата облека изгледа моќно.

фото:profimedia